Microsoft Bing со додавање на вештачка интелигенција конечно е релевантен веб-прелистувач и достоен конкурент на Google Chrome. Сега добива нови функции, подобрувања и дополнувања
По две децении доминација на Google, пазарот на интернет прелистувачите повторно се разбуди и доби нов значаен играч, кој во одредени сегменти дури и го надминува лидерот. Се работи за Bing на Microsoft, кој се етаблира како одлична алтернатива, комбинирајќи чeт-бот со вештачка интелигенција, пребарувач, систем за генерирање илустрации, a сега i уште неколку корисни додатоци.
Се повеќе корисници на Bing
За почеток, Microsoft најави дека новиот Bing со сите функционалности овозможени од вештачката интелигенција, ќе биде достапен за сите што ќе се логираат со сметка на Microsoft. Значи, укината е и (во последно време формалната) листа на чекање. Ова дополнително треба да ја зајакне корисничката база, која е веќе доста голема.
Имено, за 90 дена, откако ги доби своите први Ai можности, Microsoft Bing обработи половина милијарда разговори, создаде 200 милиони илустрации, надмина 100 милиони дневни активни корисници и постигна 4-кратно зголемување на бројот на инсталирани мобилни апликации.
Разговорот со чет-ботот на Bing ќе може да се прошири и со слики, бидејќи системот користи мултимодален GPT-4 во позадина, така што ќе можете да му дадете некоја слика на Bing за анализа или да ја користите како поттик за понатамошна работа на AI четботот.
Отсега корисниците ќе можат да ги зачувуваат своите разговори со вештачка интелигенција, да ги споделуваат со други и да продолжат дури и по некое време, бидејќи Bing ќе ги памети. Во рамките на прелистувачот Edge, разговорите ќе можат да се одвиваат и во страничната лента, т.е. паралелно со веб-прелистувањето во главниот прозорец.
Наскоро дополнителни проширувања
Microsoft дополнително најавува дека Bing наскоро ќе добие уште неколку корисни функции. Ќе има напредна компресија на долги веб-страници или .pdf документи, што ќе му овозможи на корисникот побрзо да консумира и разбере голема количина на содржина. Вештачката интелигенција ќе може да извршува покомплицирани задачи: на пример, ако корисникот изрази желба да гледа филм, Bing ќе му го најде и веднаш ќе ја пушти платформата за стриминг каде што е достапен.
Четботот ќе може во реално време да ги анализира веб-страниците што корисникот ги гледа и да одговара на прашања поврзани со нив или да креира резимеа (сите во саканиот тон, должина и стил). Со поддршката за надворешни приклучоци, воведени и со GPT-4, Bing ќе може директно да се поврзе со други апликации, а тоа ќе отвори нов опсег на можности – од пребарувањето на веб, ќе бидеме само еден чекор подалеку од автоматски ресторан или хотелски резервации, база на податоци за интеграција во чет и слични напредни функции, кои вештачката интелигенција ќе може да ги преземе од корисникот и да ги извршува самостојно.
Од Microsoft дополнително најавуваат дека Bing наскоро ќе добие уште неколку корисни функции. Ќе има напредна компресија на долги веб-страници или .pdf документи, што ќе му овозможи на корисникот побрзо да конзумира и разбере голема количина на содржина. Вештачката интелигенција ќе може да извршува покомплицирани задачи: на пример, ако корисникот изрази желба да гледа филм, Bing ќе му го најде и веднаш ќе ја пушти платформата за стриминг каде што е достапен.
Четботот ќе може во реално време да ги анализира веб-страниците што корисникот ги прегледува и да одговара на прашања поврзани со нив или да креира резимеа (сите во саканиот тон, должина и стил). Со поддршка за надворешни плагинови, воведени и со GPT-4, Bing ќе може директно да се поврзе со други апликации, а тоа ќе отвори нов опсег на можности – од веб-пребарување, ќе бидеме само еден чекор подалеку од автоматски ресторан или хотелски резервации, база на податоци за интеграција во чет и слични напредни функции, кои вештачката интелигенција ќе може да ги преземе од корисникот и да ги извршува самостојно.