Nothing почна да не подготвува за пристигнувањето на својот следен паметен телефон, што го навести за време на мобилниот конгрес во Барселона, кога компанијата откри дека уредот ќе користи чипсет од Snapdragon 8 серијата.
Како што се наближува лансирањето, Nothing започна и тизер кампања на Twitter со најава дека смартфонот ќе пристигне ова лето, што значи дека лансирањето ќе се случи најрано на крајот на јуни. Заедно со ова, компанијата објави и кратко видео на кое се гледа елемент од телото на телефонот.
Premium.
Phone (2) is coming summer 2023.
Sign-up for updates: https://t.co/FEJL4Jb2Aw pic.twitter.com/Nj8YONbYvm
— Nothing (@nothing) May 3, 2023
Се очекува уредот да го продолжи она што беше започнато со Phone (1), со нудење на препознатлив дизајн. Видеото покажува бели панели и трепкачко црвено светло, што веројатно укажува дека камерата снима видео. Nothing ја објави и страницата за регистрација, на која има слика од истиот панел на телефонот, но со дополнително копче.