Компанијата Google конечно ги потврди гласините и официјално го објави доаѓањето на својот смартфон на преклопување наречен Pixel Fold.
Во текот на својата I/O 2023 конференција, Google прикажа краток тизер, со кој го најави претставувањето на својот прв телефон што се преклопува, Pixel Fold на 10 мај.
Сè уште нема детали за самиот уред, но тизерот покажува дека се отвора слично како Galaxy Z Fold уредите на Samsung. Исто така, видеото го прикажува изгледот на внатрешниот екран.
Модулот на камерата на задната страна на телефонот е сличен на оние како кај другите Pixel уреди, но не е толку истакнат.
CNBC во април објави дека Pixel Fold ќе биде 5,6-инчен телефон кој се трансформира во 7,6-инчен таблет. Ќе го покренува Tensor G2 чипот на Google и ќе ја содржи „најиздржливата шарка што некогаш е видена на преклопен уред“. Цената на уредот ќе биде нешто повеќе од 1.700 долари, додека најновиот преклопен уред на Samsung – Galaxy Z Fold 4 чини 1.799 долари.
Многумина очекуваа да го видат Pixel Fold минатата година, но тој не се појави на I/O 2022 конференцијата. Сепак, гласините продолжија да кружат, бидејќи Google се фокусираше да ги научи програмерите на Android да ги приспособат своите апликации за да бидат компатибилни со преклопните уреди и поголеми екрани. Ова би можело да се исплати следната недела, односно на 10 мај, кога компанијата ќе го претстави флексибиониот Pixel Fold, како и новиот Pixel таблет.