Истражувањето на Медицинскиот универзитет во Виена (MedUni Wien) покажа дека малите пластични честички стигнуваат и до мозокот.
Истражувањето, чии резултати се објавени во стручното списание Nanomaterials е спроведено на животински модел со орални дози микропластика и нанопластика од полистирол, кој е широко распространет вештачки материјал што се користи и за пакување храна.
Откриено е дека ситните честички може да стигнат до мозокот веќе два часа по конзумацијата. Начинот на кој микропластиката и нанопластиката ја пробиваат крвно-мозочната бариера досега беше непознат во медицината.
Виенските научници со помош на компјутерски модели открија дека одредена површинска структура е клучна за продирањето на пластичните честички во мозокот. Крвно-мозочната бариера е битна клеточна граница која го штити мозокот од навлегување на токсини и патогени. Слична заштитна бариера како мозокот имаат и цревата – цревната слузница, која може да ја пробијат и ситните честички пластика.
Честичките на нанопластика и микропластика во дигестивниот систем се поврзуваат со локални воспаленија и имунолошки воспланија, како и со појавата на рак. Честичките на пластика во мозокот може да го зголемат ризикот од воспаленија, да предизвикаат невролошки потешкотии, па дури и невро-дегенеративни болести како што е Ајцхајмеровата или Паркинсоновата болест.
Како што покажаа истражувањето, лицето кое пие дневна препорачана количина од 1,5 до два литри вода годишно внесува 90.000 мали пластични честички. Луѓето кои пијат вода од чешма се во малку поповолна положба, па внесуваат околу 40.000 честички годишно.