Официјалната презентација ја очекуваме оваа недела, а по нешто повеќе од еден месец таблетот би можел да се појави во продажба.
Иако денес има многу достапни таблет уреди со поддршка за Android, iPad на Apple сè уште доминира на овој пазар и се чини, нема вистинска конкуренција. Тимот на Google верува дека тоа наскоро би можело да се промени, а неодамна компанијата најави дека оваа година ќе го претстави Pixel таблетот.
Нема официјални информации за овој уред, но Google би можел да го претстави за два дена на својата традиционална годишна I/O конференција. Сепак, благодарение на Amazon, чија веб-страница побрза да го пушти таблетот на Google во продажба, ги дознавме повеќето информации. Таблет уредот се појави на веб-страницата на Amazon во Јапонија по цена од околу 590 долари, и се разбира, брзо беше отстранет.
Пред Amazon да го повлече таблетот од продажба, посетителите на страницата кои наидоа на понудата снимија скриншот од опциите на Pixel таблет, кои се во согласност со претходните гласини за уредот. Ќе го покренува Tensor G2 чипсетот на Google (истиот чип на кои работат Pixel 7 и 7 Pro), заедно со 8GB RAM меморија. Дијагоналата на екранот е 10,95 инчи со резолуција од 2560×1600 пиксели. Што се однесува до останатите опции, Google го опреми таблетот со задна и предна камера со резолуција од 8MP, со 3 микрофони и 4 звучници.
Иако допрва треба да видиме како работи уредот во пракса, овој таблет навистина би можел да им конкурира на iPad и другите моќни таблети, но Pixel уредот би можел да им биде уште поинтересен на многу луѓе поради додатокот што го нуди Google. Имено, со таблетот треба да биде достапен и специјален док, односно држач кој претставува и звучник, а интересно е дека со поставување на тој док, таблет уредот се претвора во паметен екран. Во тој случај, на него ќе се прикажуваат информации како временска прог оза, фотографии и слично, како на уредите од Nest серијата, а преку него ќе може да се управува и со опциите на паметниот дом.
За Pixel таблет знаеме речиси се, а сега само чекаме официјални информации кои ќе ги потврдат сите споменати опции, како и датумот на почетокот на продажбата, кој според јапонскиот Amazon е 20 јуни. .