Компанијата Shift Robotics од Питсбург ги претстави патиките Moonwalkers, кои на корисникот му овозможуваат му овозможуваат да оди побрзо за 250%.
Станува збор за патики со тркалца слични на ролери кои ја стекнаа титулата „најбрзи на светот”. Moonwalkers претставуваат прв уред за движење кој овозможува одење со брзина на трчање. Дизајнирани се со адаптивен AI погон така да со своето темпо можете да поминете многу поголемо растојание.
Едноставни се за користење, а корисниците можат лесно да ги совладаат и да ги користат нивните предности во само десет чекори. Моторот кој ги движи може да се исклучи за време на одењето по скали или други активности каде брзината може да биде препрека. Исто така, работат прилично интуитивно – забрзувањето на темпото ја зголемува брзината на движењео и обратно.
Може да издржат тежина од 100 килограми и имаат електричен мотор со моќност од 300W. Корисникот може да постигне брзина од 11 км/ч и да помине растојание од 10 километри без никакви проблеми и замор. Се полнат за 90 минути.
Цената изнесува 1.399 долари.