Компанијата Open AI на 1. март тивко ги промени условите за користење, но подеталното читање открива дека промената не се однесува на корисниците кои плаќаат за да го користат популарниот чет-бот ChatGPT.
Open AI беше прилично отворен кога станува збор за нивниот алгоритам за развој на ChatGPT. Меѓутоа, откако алатката беше пуштена во јавноста, компанијата ги користи сите пребарувања на корисниците за дополнителна обука на својот модел за вештачка интелигенција.
Тоа отвори прашања за приватноста на корисниците бидејќи луѓето внесуваат податоци кои се доверливи додека го користат софтверот. Од компанијата одговорија дека во условите на користење на алатката јасно стои дека сите податоци ќе бидат користени за дополнителен развој на софтверот.
Меѓутоа, се чини дека сега работите ќе бидат променети. Директорот на Open AI, Сем Олтмен најави дека неговата компанија повеќе нема да ги користи податоците на корисниците кои плаќаат за да го користат софтверот.
„Клиентите сакаат да не тренираме на нивните податоци, па ги сменивме нашите планови: повеќе нема да го правиме тоа“, изјави Олтмен.
Компанијата тивко ги сменила условите на користење на 1 март, но таа промена не се однесува на корисниците што ја користат бесплатната верзија на ChatGPT.
Иако одлуката на OpenAI беше искоментирана како чекор во вистинската насока, во однос на заштитата на приватноста на корисниците кои плаќаат за пристап, од друга страна целосно ги остава незаштитени корисниците кои ја користат бесплатната верзија на ChatGPT.