Внатрешниот дизајн е предизвик со кој се соочуваат сите оние кои купуваат стан, а телевизорот секогаш игра една од главните улоги во уредувањето на домот. Кога станува збор за Samsung OLED телевизорот, тој секогаш претставува одлична појдовна точка при дотерувањето на дневната соба. 77” OLED 4K S95C е елегантен, и неверојатно тенок, без рамки и е најтенкиот профил досега благодарение на прекрасниот Infinity One дизајн, а карактеристиката One Connect го минимизира нередот од кабли кој на многумина им оди на нерви, и ќе го подобри просторот без разлика каде телевизорот е монтиран.
Претходните приговори за OLED технологијата беа поврзани со недоволната осветленост, што донекаде ги поништи квалитетите на таквите профили. Оваа генерација на Samsung OLED телевизори донåсува исклучително доживување при гледањето. Брилијантниот квалитет на 4K слика е надополнет со 20 различни невронски мрежи кои гарантираат дека навистина ја чувствувате моќта на 4K резолуцијата. Иновативната Samsung OLED технологија ги овозможува најтемните длабоки црни, најчистите бели и сите нијанси на бои со помош на најнапредните самоосветлени пиксели напојувани со квантни точки. Сето ова се случува на импресивните 195 сантиметри (77 инчи) на овој премиум телевизор.
Беспрекорно уживање во гледање на филмови, спорт или други содржини
Јасно е дека супериорниот квалитет на сликата е она што ги одвојува „обичните“ телевизори од оние што овозможуваат врвно искуство, без разлика дали се работи за уживање во филмови, гледање спортски преноси или други содржини. Samsung OLED телевизорот има вградена опција Real Depth Enhancer, која ја прикажува перцепцијата на длабочината на ист начин како и човечкото око, а автентичниот приказ на бои потврден е од 2030 Pantone бои и новододадени 110 нијанси на бојата на кожата.
Освен на квалитетот на сликата, љубителите на телевизорите секогаш внимаваат и на звукот со врвен квалитет, а овој пат Samsung им приреди изненадување со беспрекорен квалитет. За подобро аудио искуство, водечкиот Samsung 77” OLED 4K S95C телевизор може да се пофали со технологијата Dolby Atmos, која ќе ви овозможи да се нурнете во звукот на секој детал со неверојатна јасност и длабочина, без разлика колку дејствија се случуваат на екранот. OTS+ (Object Tracking Sound) овозможува звукот да се движи подинамично од кога било додека го следи движењето на објектот на екранот за целосно живописно, тридимензионално аудио искуство. OTS+ е алатка за следење на движења со помош на вештачка интелигенција која ја анализира секоја сцена и при тоа го наоѓа најоптималниот звук. Со звучниците кои го следат движењето низ екранот, можете да доживеете реален 3D звук што ве става во центарот на сцената.
Вистинско HDR искуство за непречено гејмање
Особено за генерацијата Z, гејмингот е значаен дел од забавата, па затоа Samsung OLED телевизорот за гејмерите ја нуди технологијата Motion Xcelerator Turbo Pro, која се грижи за обработка на движењата во акционите сцени и овозможува да останете конкурентни во игрите со непречена акција, без доцнење, сецкање и заматување, бидејќи како што знаат сите гејмери, секој фрејм е важен.
Телевизорот 195 cm (77″) S95C OLED 4K HDR Smart TV (2023) беше оценет од страна на публикацијата Tech Review и ја доби етикетата „Избор на уредникот” (Editor’s choice).
Ексклузивна можност за заштеда со преднарачка направена од 08.05. до 15.05.2023
Со преднарачка на моделот S95C од 77 инчи, Samsung подарува заштеда во износ од 19.000 денари и подарок по ваш избор при купување: Пакет Freestyle кој вклучува и маска и заштитна футрола или лента HW-Q990B soundbar. Промоцијата трае од 08.05. до 15.5.2023 год., или додека траат залихите. Повеќе информации можете да најдете на линкот.
Повеќе за телевизорот 195 cm (77″) S95C OLED 4K HDR Smart TV (2023) можете да прочитате на: https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95c-77-inch-oled-4k-smart-tv-qe77s95catxxh/