Социјалната мрежа Facebook наскоро ќе наполни 20 години, а сè уште ја користи повеќе од една третина од светската популација. Сепак, помладите генерации сè се помалку во таа група
Младите луѓе и генерацијата Z поминуваат се повеќе време на еден од најголемите конкуренти на Facebook – апликацијата TikTok. Меѓутоа, како што TikTok се соочува со посилна регулатива и владин надзор ширум светот, се отвора можноста Facebook да се врати во својот полн сјај.
Сепак, сегашните дваесетгодишници, па дури и оние малку постарите кои активно го користат Facebook од неговото основање во 2004 година, се чини дека не сакаат да го враќаат во својата рутина.
Соговорниците на новинската агенција AP коментираат дека не се ни сеќаваат кога последен пат се најавиле на нивниот Facebook профил. Наместо тоа, вели еден од нив, секојдневно ја проверува Instagram мрежата, која исто така е во сопственост на Meta. Секако, потоа следува TikTok, на кој поминува најмалку еден час дневно. Овој корисник, вели тој, не може да замисли активно да го користи Facebook профилот што го креирал кога бил во основно училиште.
Но, за оние кои биле тинејџери во времето на создавањето на Facebook, тoj сè уште е секојдневна рутина, дури и ако со текот на времето е малку избледена. Како што пишува AP, три милијарди луѓе ги проверуваат своите профили на Facebook секој месец, додека две милијарди продолжуваат да се најавуваат секој ден, и покрај тоа што мрежата наполни 20 години, што сепак е импресивен резултат.
Дали младите генерација ќе го згаснат Facebook?
Доколку е точно дека светот останува на помладите генерации – се поставува прашањето дали Facebook, кој и натаму донесува најмногу приходи на компанијата Meta во сопственост на Марк Цукерберг, ќе успее да се врати мешу најпопуларните социјални мрежи. Алтернативата можеби е слична на судбината што ја доживеа MySpace, само една година постариот ривал, кој не успеа да опстане и да ја доживее популарноста на Facebook.
Во интервју за AP, шефот на Facebook, Том Алис, звучеше оптимистички за иднината на социјалната мрежа. Тој посочува дека се повеќе луѓе сакаат да споделуваат Reels снимки, да дискутираат за нив, и дека во компанијата тоа го гледаат, и дека Facebook почнува да ја враќа функцијата за пораки во апликацијата само за да им олесни на луѓето да aрзговараат за било што, па така и за Reels снимкитe. Секако, како што вели, за унапредување на апликацијата ќе биде клучна и вештачката интелигенција.
Сепак, Facebook долго време одбива да ја открие демографијата на своите корисници, што секако открива и како му оди кај помладата популација. Надворешните истражувачи на мрежата велат дека овој број се намалува, а не треба да заборавиме дека славата на оваа мрежа, сега веќе во раните 2000-ти години, ја донесоа тогашните млади и тинејџери.
Сега, според истражувањето на Insider Intelligence, се проценува дека половина од корисниците на TikTok, главниот конкурент на Facebook, се на возраст од 12 до 24 години.