NASA веќе подолго време го набљудува огромниот астероид, кој по некои проценки би требало да се приближи до Земјата кон крајот на мај.
Астероидот се нарекува 2023 CL3 и се проценува дека е двојно поголем од Статуата на слободата. Очигледно, астероид со таа големина може да направи сериозна штета доколку се судри со Земјата. Затоа вселенските агенции го сметаат за „потенцијално опасен“.
Астероидот 2023 CL3 се очекува да помине покрај Земјата на 24 мај. Се проценува дека големиот астероид безбедно ќе прелета покрај нас со брзина поголема од 25.749.504 км/час. По ваквите податоци, некои експерти изразија загриженост дека Земјата сè уште не е подготвена да се одбрани од потенцијално смртоносни астероиди.
Извршниот директор на SpaceX, Eлон Маск еднаш изрази загриженост во твит: „Голема карпа на крајот ќе ја погоди Земјата и во моментов немаме одбрана.“
Meet newly discovered Asteroid 2023 CL3. NASA warns it will pass closest to Earth on May 24 at a distance of less than 7.2 million kilometers. Watch the 200 m wide asteroid approach the Earth live herehttps://t.co/7uMNkZYFRn pic.twitter.com/UEJcY4omnk
— ⓈⓁⒺⒺⓅⓌⒶⓁⓀⒺⒹ🇺🇦🇨🇦 (@Ukrainik) May 9, 2023
NASA сè уште истражува некои одбранбени методи.
Токму поради оваа причина NASA минатата година ја лансираше својата мисија за двојно пренасочување на астероид. Овој експеримент докажа дека NASA успеала да удри во астероид со неверојатна брзина, како дел од неверојатна генерална проба за денот кога карпа-убиец ќе ѝ се закани на Земјата.