Pixel Tablet пристигнува и со специјален док, односно држач кој претставува и звучник, а интересно е дека со поставување на докот, таблет уредот се претвора во паметен екран.
Pixel Tablet е првиот таблет на Googlе под брендот Pixel. Уредот беше претставен во рамките на Google I/O 2023 конференцијата на која беше објавен и првиот преклопен смартфон на Googlе – Pixel Fold, а беше презентирана и нова верзија на AI четботот Bard и интеграцијата на генеративната вештачка интелигенција во Google Search.
Новиот таблет на Google се одликува со голем LCD екран со дијагонала од 10,95 инчи со резолуција од 2560 x 1600 пиксели, осветленост од 500 нита, слој против отпечатоци и поддршка за работа со USI 2.0 пенкало.
Таблет уредот користи чипсет Tensor G2, вклучувајќи го и безбедносниот копроцесор Titan M2. Достапни се 8 GB LPDDR5 RAM и меморија од 128/256 GB UFS 3.1. Батеријата е со капацитет 27 Whr и треба да обезбеди до 12 часа видео стриминг.
Има вкупно две камери од 8 мегапиксели, примарна и предна, а во копчето за вклучување е вграден читач за отпечатоци. Во однос на софтверот, таблетот го користи Android 13, а компанијата Google ветува петгодишно ажурирање на софтверот. Мултимедијалниот систем се состои од четири звучници и три микрофони.
Таблетот доаѓа и со специјален док, односно држач кој претставува и звучник, а интересно е дека со поставување на докот, таблет уредот се претвора во паметен екран. Во ваков случај, на дисплејот се прикажуваат информации како временска прогноза, фотографии и слично, како на уредите од Nest серијата, а преку него ќе може да се управува и со опциите на паметниот дом.
Pixel Tablet ќе се продава во Германија по цена од 680 евра и ќе биде достапен во две бои, Porcelain и Hazel.
Google I/O 2023: Три Pixel уреди, вештачка интелигенција и многу друго
Google го претстави својот прв преклопен смартфон Pixel Fold (ВИДЕО)