Заедно со P60 Pro и Mate X3 смартфоните во Минхен, Huawei претстави и нова серија паметни часовници. Станува збор за моделите Watch 4 и Watch 4 Pro, кои ќе ја наследат Watch 3 серијата која се појави во 2021 година. Новите уреди изгледаат стилски и нудат дисплеи покриени со сферично сафирно стакло.
Watch 4 Pro нуди 1,5″ LTPO AMOLED дисплеј и тело од 48 мм, изработено од легура на TC4 титаниум со три пати поголема јачина од стандардните легури на титаниум. Тежината и дебелината се намалени за околу 10 проиценти. За возврат, Watch 4 има челично куќиште од 46 мм. Двата часовника се отпорни на вода до длабочина од 30 метри, нудат Always-On функционалност и нови бројчаници со планетите на Сончевиот систем.
Уредите можат да следат над 100 типови тренинзи и да поддржуваат мерење на познати здравствени параметри како што се отчукувањата на срцето, заситеноста со кислород во крвта, нивото на стрес, температурата на кожата, ЕКГ и артериската вкочанетост. Нов додаток е едноминутната здравствена проверка која комбинира податоци за седум различни здравствени индикатори.
Часовниците од Watch 4 Pro серијата имаат можност за eSIM и LTE поврзување, така што може да се користат за комуникација и без паметен телефон. Батеријата на Watch 4 трае три дена со типична употреба, а кај Watch 4 Pro се зголемува на 4,5 дена. Во режимот за заштеда на енергија, времето се продолжува на 14 дена за Watch 4 и 21 ден за Watch 4 Pro.
Продажбата на новата серија часовници на Huawei почнува во Европа на 22 јуни, со преднарачки од 8 јуни. Na настанот беше објавено дека Watch 4 ќе чини 449 евра за верзијата со флуороеластомерна лента, додека Watch 4 Pro ќе чини 699 евра за верзијата со титаниумска лента и 549 евра за верзијата со кафеава кожна лента.