Најголемите европски компании во областа на вселенското истражување и телекомуникациите планираат да изградат мрежа од сателити која треба да му биде конкуренција на Starlink, сателитски интернет што се нуди од истоимената компанија основана од Елон Маск.
Европските компании ќе ја градат таканаречената Инфраструктура за отпорност, интерконективност и безбедност преку сателит ИРИС2 (IRIS2 – Infrastructure for Resilience, Interconnectivity, and Security by Satellite). ИРИС2 ќе понуди нова безбедна инфраструктуре за поврзување наменета за владите, компаниите и жителите на Европа.
Проектот е идеја на Европската Комисија, која објави повик за изградба на мрежа од сателити. На повикот се пријавил конзорциум составен од најголемите вселенски и телекомуникациски компании во Европа, вклучувајќи ги и AirBus, Deutche Telekom и др.
Проектот треба да чини 6 милијарди долари.


