Новиот нацрт-закон на ЕУ за вештачка интелигенција беше одобрен од Комитетот за внатрешен пазар и Комитетот за граѓански слободи, а предлага мерки со кои ќе се забрани широк опсег на опасни употреби на вештачка интелигенција.
Законот за вештачка интелигенција е опсежен документ на кој се работи веќе со години, а посебен интерес привлече по експлозијата на генеративните алатки за вештачка интелигенција.
Тоа доведе до голем број значајни промени на Законот во последен момент. Забележани се нови потенцијални опасности до кои може да доведе брзиот развој на различни услуги базирани на вештачка интелигенција.
Европратениците ја проширија класификацијата на области со висок ризик за да вклучи штета по здравјето на луѓето, безбедноста, основните права или животната средина.
Тие ги додадоа AI системите зa влијание врз гласачите во политичките кампањи и системите за препораки што ги користат платформите на социјалните медиуми (со повеќе од 45 милиони корисници според Законот за дигитални услуги) на листата со висок ризик.
Класификацијата на области со висок ризик сега вклучува:
- Далечински биометриски системи за идентификација „во реално време“ на јавно достапни простори
- Далечински биометриски системи за идентификација, со единствен исклучок на органите за спроведување на законот за гонење тешки кривични дела и само со судско одобрение
- Биометриски системи за категоризација кои користат чувствителни карактеристики (на пр. пол, раса, етничка припадност, статус на државјанство, религија, политичка ориентација)
- Системи за предвидување на полицијата (врз основа на профилирање, локација или криминално однесување во минатото)
- Системи за препознавање емоции во органите за спроведување на законот, управувањето со границите, работното место и образовните институции
- Недискриминирачко собирање на биометриски податоци од социјалните медиуми или снимки од видео надзор за да се создадат бази на податоци за препознавање лица (повреда на човековите права и правата на приватност)
- Покрај забраните, нацрт-законот е насочен и кон контрола на таканаречените системи за вештачка интелигенција за „општа намена“, како што се GPT-4 и ChatGPT, како и генераторите на слики со вештачка интелигенција Stable Diffusion, Midjourney и DALL-E.
Колку е важна Европската Унија како пазар доволно говори фактот дека технолошките компании често се придржуваат до регулативите специфични за ЕУ на глобално ниво за да ја намалат маката за одржување на повеќе групи стандарди, пренесува The Verge.
Според тоа, новиот закон би можел да им користи и на корисниците во САД, Велика Британија и на други места.
Artifical Intelligence: new transparency and risk-management rules for AI systems have been endorsed by Parliament's internal market and civil liberties committees.
All MEPs are expected to vote on the mandate in June so that negotiations can start with the Council.
— European Parliament (@Europarl_EN) May 11, 2023