Најточна проверката на здравствената состојба се добива со анализа на крвта, каде се покажуваат првите знаци доколку нешто не е во ред. Со сеопфатна анализа на крвта се идентификува зачетокот на многу заболувања и воопшто работата на органите и целиот систем.
Тоа е алармот за да се делува превентивно и да се спречи развој на одредени заболувања, или пак рано да се открие појавата на некоја болест. Факт е дека, кога одредена состојба е откриена во рана фаза, тогаш и третманот и лекувањето започнуваат во рана фаза која може да резултира со подобрување на здравјето но и целосно закрепнување. На пример, доколку резултатот од крвната анализа покаже дека нашиот организам е во фаза на пред-дијабетес, тогаш докторот веднаш ќе може да интервенира и да советува мерки за спречување на развојот на болеста.
Затоа редовните анализи на крвта, што опфаќаат повеќе параметри се потребни и препорачливи, а за што подетални и таргетирани анализи Синлаб лабораторија има создадено сеопфатни пакети со различни тестови наречени WellMe.
Овие тестови се групирани по возрасти и се со цел да го одредите здравствениот статус, да ја подобрите здравствената состојба и да одржувате здрав живот. Со нив се добива јасна слика за здравјето во која било фаза од животот, без разлика на возраста, од 3 до 93 години. Така WellMe пакетите за деца под 13 години и тинејџери, ги детектираат недостатоците што може да се појават во крвта на овие возрасти, додека пак WellMe за лица од 20-29 годишна возраст се потребни за да бидете чекор понапред од сите потенцијални здравствени проблеми што се типични за оваа возраст. Возраста од 30 до 50 години е време на промени и важно е да се одржи добрата здравствена состојба и тука WellMe пакетите даваат јасна слика за здравјето и ќе ви помогнат да ги направите сите потребни приспособувања на животниот стил. Додека пак, здравствените скрининзи после шеесеттите години помагаат да уживате во пензионерските денови во целост и да останете активни и здрави.
WellMe тестирањето во Синлаб, може да закаже и онлајн на линкот, така што постапката за крвни анализи е брза, лесна и безболна. Преземете одговорност врз вашето здравје, детектирајте ги здравствените проблеми навреме и спречите сериозни заболувања.