Asus конечно ја откри целосната листа на спецификации за својата гејминг рачна конзола ROG Ally.
Конзолата ја покренува AMD Zen4 процесор и претставува директен ривал на Steam Deck на Valve, нудејќи импресивен пакет за гејминг во движење.
ROG Ally има 7-инчен IPS LCD екран со FHD резолуција, формат 16:9 и стапка на освежување од 120 Hz. Максималната осветленост е 500 нита, а екранот е заштитен со Gorilla Glass Victus стакло. Asus наведува дека времето на одзив е 7 мм и дека дисплејот покрива 100 проценти од sRGB спектарот на бои.
ROG Ally е достапен со две верзии на процесори, новите Ryzen Z1 и Ryzen Z1 Extreme процесори на AMD. Z1 има 6-јадрен Zen 4 процесор со 12 нишки, додека графичката страна е покриена со четири јадра RDNA 3. Z1 Extreme има осмојадрен Zen 4 CPU со 16 threads и 12 RDNA 3 GPU јадра со 24 MB кеш меморија.
Во случај на повисоки барања, конзолата може да се поврзе со надворешна GPU единица која го поддржува ROG XG Mobile, а која содржи графички процесор за лаптоп GeForce RTX 4090.
Двата модела имаат 16 GB LPDDR5 dual-channel меморија и 256/512 GB PCIe 4.0 M.2 SSD со големина 2230. Купувачите ќе добијат и батерија од 40 Wh, а од Asus тврдат дека ќе трае до два часа во случај на играње „тешки“ наслови во 15W performance modе. Asus додаде и два вентилатори и бакарна топлинска цевка за подобро ладење. Конзолата се продава со PD полнач од 65W.
Конзолата ROG Ally има алуминиумска рамка и тежи 608 грама, со димензии 280 x 111 x 21,2 мм. Ја покренува Windows 11 Home оперативниот систем со посебно издание на Asus Armory Crate софтверот. Можно е да се користи Xbox Game Pass услугата, која е бесплатна во првите три месеци. Исто така, може да се лансираат игри и од други големи launcher-и и гејминг стриминг сервиси.
Конзолата има Type-C комбиниран порт со поддршка за USB 3.2 Gen2, како и приклучок за поврзување на надворешни GPU единици, а има и microSD слот кој поддржува и UHS-II картички. Дел од конзолата е и комбиниран приклучок за слушалки и микрофон. Звукот го обезбедуваат стерео звучниците со поддршка за Dolby Atmos и Hi-Rs Audio, а уредот поддржува Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.2 конекција.
Верзијата Ryzen Z1 со 12 GB RAM и 256 GB простор чини 600 долари во САД. Подобриот модел Z1 Extreme има почетна цена од 700 долари, односно 800 евра, а доаѓа со 16 GB RAM и 512 GB меморија. Верзијата Z1 Extreme е достапна за нарачка, а испораката и продажбата започнуваат во јуни.