Новото решение на Google се чини го надминува GPT-4 во одредени математички пресметки, преводи и задачи.
Google оваа недела го претстави PaLM 2, колекција на јазични модели што може да се споредат со GPT-4 на OpenAI. Компанијата соопшти дека го користи PaLM 2 во 25 од нејзините производи, вклучувајќи ги Bard, Docs, Sheets и Slides.
PaLM 2 е обучен на огромна количина податоци и може да го предвиди следниот збор додека пишувате. PaLM е кратенка за Pathways Language Model, а Pathways е техника за машинско учење.
Новата генерација поддржува над 100 јазици и може да генерира код и да преведува текстови. PaLM 2 доаѓа во четири варијанти, Gecko, Otter, Bison и Unicorn. Првиот е најмалиот и прилагоден за мобилни уреди.
Новото решение се чини го надминува GPT-4 во некои математички пресметки, преводи и задачи. Меѓутоа, во реални услови, работите можат да бидат поинакви. Интересно е да се забележи дека компанијата не ги сподели специфичните параметри за основните перформанси по параметри.
Според Google, PaLM 2 е обучен за разновиден сет веб-документи, книги, кодови, математички информации и разговорни податоци. Сепак, не посочува кои се конкретните извори. Може да се користи и содржина заштитена со авторски права.
Во меѓувреме, се развива и нов мултимодален модел со вештачка интелигенција наречен Gemini.