Откако пред пет дена протекоа фотографии и информации дека HTC го подготвува својот нов паметен телефон наречен HTC U23 Pro, денеска беше потврдена и премиерата за 18 мај.
Без претерано многу информации, и по големото протекување на фотографии и спецификации, премиерата на новиот телефон HTC U23 Pro е закажана за следниот четврток, 18 мај, пренесува GSM Arena.
Фотографијата со која HTC ја најави премиерата не кажува многу. Според спецификациите што се појавија минатата недела, HTC U23 Pro ќе пристигнр со AMOLED дисплеј, Snapdragon 7 Gen 1 чипсет, 8GB RAM и 256GB простор за складирање. Главната камера е оптички стабилизирана и има сензор од 108 MP.
За батеријата се вели дека има 4.600 mAh, поддржува безжично полнење, а меѓу поинтересните спецификации ги издвојуваме 3,5 милиметарскиот приклучок, Android 13 OS и сензорот за отпечатоци интегриран во копчето Power.
HTC U23 Pro би требало да биде компатибилен со HTC Viverse VR платформата, за која сè уште не се знае многу.