Следниот голем чекор што ќе го направи Apple во своите компјутери е воведувањето на новата генерација на сопствени M3 процесори. Сега, новите податоци на новинарот на Bloomberg, Марк Гурман укажуваат дека првите вакви модели ќе се појават кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.
Податоците за ова се засноваат на записи од програмери за апликации што работат на прототипи со нов процесор. Еден од идните чипови, кој веројатно е М3 Pro, вклучува 12-јадрен процесор, 18-јадрен графички процесор и да работи со 36GB RAM.
Овие чипови се очекува да бидат достапни со две јадра повеќе од M2 Pro. Слично зголемување може да се очекува и во однос на алтернативите на M2, Max и Ultra. Новата генерација на чипови ќе се произведува со процес на производство од 3 нанометри.