Samsung почна со тестирање на оперативниот систем Android 14 еден месец порано, па One UI 6 за Galaxy S23 серијата може да пристигне порано од очекуваното
Некои корисници на серверите на Samsung наидоа на внатрешни верзии на оперативниот систем Android 14 и One UI 6, пренесува TrustedReviews. Од друга страна, SamMobile откри дека истата верзија (Android14/One UI 6) веќе се тестира на Samsung моделите со преклопни екрани – Galaxy Z Fold4 и Flip4.
Иако треба да се очекува дека Samsung ќе биде меѓу првите за новите верзии на Android кои беа претставени пред некој ден на Google I/O конференцијата – тајмингот на интерните тестови може да биде значаен.
Samsung најверојатно ќе испрати Android 14 и нова верзија на корисничкиот интерфејс на водечките телефони порано од претходните години, а сите знаеме дека тоа е многу многу важно за корисниците на премиум телефони.
Додека Google има за цел да објави ажурирање за Pixel телефоните кон крајот на летото, независните производители често поминуваат неколку месеци во интегрирање на оперативните системи со сопствените кориснички интерфејси.
Samsung е секако лидер меѓу производителите во пружање на ажурирања, па телефоните од Fold4, Flip4, S22, S21 и S20 сериите го добија One UI 5.1 веднаш по S23 серијата. Минатата година, Samsung објави ажурирање со One UI 5 и Android 13 за серијата Galaxy S22 на 23 октомври, па очигледно тоа се очекува да се случи малку порано со S23 серијата оваа година, можеби дури и во септември.
Google моментно го тестира Android 14, а сопствениците на Pixel и уште 9 други телефони веќе можат да ја пробаат бета верзијата, а во случај да сте ја пропуштиле конференцијата, погледнете што се најави Google на I/O 2023.
Google I/O 2023: Три Pixel уреди, вештачка интелигенција и многу друго