Пазарот на монитори не е еден од оние каде често се случуваат големи промени, па затоа новиот монитор на Philips со два екрани е вистинско освежување.
Philips 24B1D5600 комбинира стандардна LCD технологија со e-ink екран, кој има својства слични на хартија, создавајќи монитор со два екрани кои се сосема различни, пренесува XDA.
Овој монитор е деклариран како 24-инчен, што е само еден негов дел и се однесува на LCD панелот, додека од десната страна има додаток во форма на e-ink монитор со дополнителни 13 инчи.
Стандардните LCD екрани емитираат светлина, и тоа посебно сина светлина, која може во голема мера да ги исцрпи очите, што дополнително доведува до главоболки ако долго гледате во екранот, но имаат и добра поддршка за боите и брзи реакции на промените.
Од друга страна, e-ink екранот има особини слични на хартијата: не му треба сопствен извор на светлина, туку наместо тоа ја рефлектира светлината што сјае кон него, што овозможува поприродно чувство на очите и помало напрегање. E-ink панелите воглавно имаат и мат облоги што ги омекнуваат рефлексиите на надворешната светлина за да го направат читањето уште поприродно. Се разбира, тие се главно воглавно ограничени на нијанси на сива боја и времето на одзивот мерено во секунди, што практично ги прави неупотребливи за уште посложени компјутерски задачи.
Еден монитор со два различни видови екрани
Компанијата Philips се обиде да најде компромис и на тој начин дојде до идеја LCD екранот да го спои со E Ink дисплејот. Идејата што ја реализираа во компанијата подразбира дел од e-ink мониторот да го користите за прикажување документи или статистички информации, а примарниот LCD екран за извршување на други компјутерски дејства како што е секојдневните работи.
Делот од мониторот со e-ink панел е трајно прицврстен со шарка на LCD-делот и овозможува поместување до 45 степени за подобар агол на гледање.
Од друга страна, LCD панелот има QHD резолуција и стапка на освежување од 75 херци на LCD-делот, додека на неговиот e-ink резолуцијата е 1200×1600 пиксели, а односот е 4:3. E-ink додатокот има четирибитни нијанси на сива боја, што е доволно за приказ на текст и не многу повеќе од тоа, но за многу повеќе имате екран до него.
Цената на овој монитор изнесува околу 850 долари, а моментно е достапен во Кина и се предвидува дека ќе излезе и на американскиот пазар, каде поради увозната цена се очекува нешто повисока цена. Сепак, иако документацијата и промотивното видео за овој модел на монитор се достапни и на англиски јазик, се уште не е познато дали, кога и на кои пазари ќе биде достапен.