Иако до претставувањето на iPhone 15 серијата има уште неколку месеци, веќе дознавме многу детали за претстојните смартфони на Apple
Ова посебно се однесува на Pro моделите. Најновите информации се однесуваат на стандардните iPhone 15 уреди, односно оние кои нема да ја имаат ознаката Pro во своето име.
Се очекува Apple да ја задржи истата големина и број на уреди, како и кај сегашната iPhone 14 серија. Така, најевтин модел ќе биде iPhone 15, а потоа iPhone 15 Plus.
Најновиот извештај сега открива дека овие два смартфони би можеле да добијат надградба во областа на камерите, поточно на главните камери. Се наведуива дека камерите ќе пристигнат со сензор за главната камера од 48 MP, а советникот Џеф Пу известува дека тоа ќе биде истиот главен сензор што го имаат сегашните iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max модели.
Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа ќе биде доста значајна надградба за овие модели во однос на нивните претходници. Новиот сензор ќе им овозможи на телефоните да снимаат фотографии од 48 MP ProRAW, што значи многу повеќе детали.
Кога станува збор за другите функции на iPhone 15 серијата, неодамна се појавија информации дека Apple нема да испорача Pro модели со капацитативни SSD копчиња за јачина на звук оваа година, како што претходно се очекуваше. Овие копчиња требаше да дадат хаптички повратни информации и да ги заменат традиционалните копчиња за јачина на звук.
Познатиот дојавувач Минг-чи Куо изјави дека нерешените технички проблеми го спречиле масовното производство на SSD копчињата, што довело до откажување на проектот. Но, затоа тука треба да се најде Аction копчето, наместо слајдерот на Apple за промена на звучниот режим.