Веќе подолго време сме сведоци на гласини за плановите на Apple да претстави уредот за мешана реалност (AR и VR). Се чини дека тоа ќе се случи оваа година, а сега познатиот аналитичар Минг-Чи Куо сподели информација дека најавата е планирана за WWDC конференцијата, која ќе се одржи од 5 до 9 јуни.
Куо забележува дека компанијата е подготвена за лансирање на новиот производ. Дополнително, влегувањето во овој нов сегмент ќе донесе и големи придобивки за партнерите во синџирот на снабдување со компоненти на компанијата Apple.
Така ќе се зајакне целиот сектор поврзан со виртуелната реалност. Инаку, OLED дисплеите за моделот на Apple ќе бидат произведени од Sony, процесорот од TSMC, конструкцијата од Everwin Precision, камерите од Cowell Electronics, а надворешното напојување од Goertek. Монтажата ќе ја врши компанијата Luxshare.
Apple AR/MR頭戴裝置發佈預測與供應鏈投資策略;高偉電子為最大受益者 / Apple AR/MR headset announcement prediction and supply chain investment strategy. Cowell is the biggest beneficiarieshttps://t.co/YUqxUPzgNR
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) May 15, 2023
Аналитичарот забележува дека доколку дебито на производот се покаже успешно, овој уред би можел да стане најважната нова инвестиција во потрошувачката електроника за подолго време.