Продажбата на двата нови флексибилни смартфони на преклоп би требало да започне на 11 август
Веќе некое време се шпекулира дека Samsung може да ја претстави својата следна генерација на преклопни паметни телефони порано од очекуваното. Традиционално, уредите се најавуваат во август, но оваа година се чини дека тоа ќе се случи во јули.
Сега, новите податоци од Chosun Media сугерираат дека Samsung на 26 јули ќе го одржи својот следен Galaxy Unpacked настан, каде што ќе ги претстави Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5. Ова е две недели порано од вообичаеното, а новите информации откриваат дека е можно настанот да се одржи во Сеул, Јужна Кореја.
Продажбата на двата нови флексибилни смартфони на преклоп може да започне на 11 август. Очекувањата се дека компанијата ќе воведе структурни промени во дизајните на своите нови уреди, бидејќи може да имаат механизам за преклопување во форма на солза.