WhatsApp воведе нова функција наречена Chat Lock, која ќе им овозможи на корисниците на популарната апликација некои од нивните разговори да останат приватни.
Новата алатка им нуди на корисниците можност да го „заклучат“ секој разговор, кој потоа се зачувува во посебен фолдер достапен само со биометриска идентификација, отпечаток од прст или скенирање на лицето или внесување на тековната лозинка. Со активирање на оваа функција, заклучените разговори се кријат во известувањата.
За да ја користи новата функција, корисникот треба да кликне на разговорот или групата и да ја избере опцијата за заклучување. Кога сака да го прочита разговорот, треба само да внесе код или да изврши биометриско скенирање.
WhatsApp објави дека се работи за одлична нова функција за оние кои ги делат паметните телефони со членовите на семејството или оние кои сакаат да ја скријат содржината на одредени разговори од луѓе кои „привремено го држат нивниот телефон“.
Исто така, можно е целосно да се заклучи пристапот до апликацијата WhatsApp.
Компанијата веќе подготвува нови можности за Chat Lock, а меѓу нив е креирањето на посебна лозинка за секој разговор, како и алатка која ги заклучува разговорите на повеќе уреди. Meta прави сè за да го направи WhatsApp што е можно побезбеден и сигурен, а неодамна го подобри системот за верификација за да ги спречи измамниците и da додаде повеќе опции за исчезнување на пораките.