Веќе подолго време се шпекулира за претстојните нови смартфони во линијата преклопни паметни телефони на Motorola. Станува збор за серијата Razr 40, која треба да вклучува два модели – Razr 40 и Razr 40 Ultra.
Сега компанијата сподели дека ја подготвува премиерата за 1 јуни, а во краткото видео може да се видат силуетите на два телефони со екрани на преклопување. Со тоа се потврдува и очекуваниот датум за објава на новите модели.
Досега бевме сведоци на појава на наводни фотографии од двата уреди, како и на некои спецификации на razr 4 Ultra. Телефонот може да го користи претходниот fleg[ip чипсет Snapdragon 8+ Gen 1, кој ќе биде комбиниран со до 12 GB RAM и 512 GB простор за складирање. Главниот екран е AMOLED со стапка на освежување од 120 или 144 херци и резолуција од 1080 x 2640 пиксели. Помошниот екран е со дијагонала од 3,5 инчи со резолуција од 1056 x 1066 пиксели.
Flip the script. June 1. pic.twitter.com/gOhSmzhGzL
— motorola (@Moto) May 16, 2023
Главната камера може да вклучува 12MP Sony IMX563 сензор и 13MP SK Hynix Hi1336 со ултраширокоаголен објектив. Преклопнот екран ќе има 32MP OmniVision OV32B40 сензор, а батеријата ќе се одликува со капацитет од 3640 mAh и брзо полнење до 33 вати.
Очекуваната цена на Razr 40 Ultra е 1.200 евра, а на Razr изнесува 40.900 евра.