Почетниот екран на новите LG OLED телевизори доби значителен фејслифт, па сега паметното мени конечно има смисла и полесно е да се прилагоди сликата според содржината
Најновата верзија на webOS целосно го промени паметното мени на новите LG OLED телевизори, кое сега изгледа минималистички и многу полесно за користење. Ова првенствено се должи на новата функција Quick Menu, која наликува на Control Center на iPhone или Quick Settings на уредите со Android.
Quick Menu можете да го приспособите по ваш вкус за да ги добиете клучните поставки со само неколку кликања, што значи дека можеби конечно ќе ги користиме сите опции што ги нудат модерните телевизори, пишува TechRadar.
Почетниот екран е исто така редизајниран, со нова функција Quick Cards која ви овозможува да групирате апликации или услуги во одредени категории, така што ќе можете да ги поврзувате, на пример, видео игрите со поставките за екранот за игри, апликациите за филмови со поставките за филм и така натаму.
Новата опција не е достапна на старите LG OLED модели
Иако новиот оперативен систем, за жал не е достапен на постарите LG OLED модели како што се LG G2 OLED или LG C2 OLED, може да се очекува во годинашната постава на телевизори, вклучувајќи го и LG B3 OLED.
Можете да пристапите до брзото менито преку поставките во горниот десен агол на екранот. Ќе се отвори мени на левата страна на екранот, кој има 12 приспособливи табови за поставки. Таму може да имате различни режими на екран за филмови, видео игри или спортови, но и некои други работи како повеќекратен преглед или тајмер за спиење.
На пример, повеќето луѓе нема да ги променат поставките за слика кога од видео игра ќе се префрлат на гледање филм, бидејќи тие поставки обично се закопани некаде во менито, а повеќето луѓе едноставно не сакаат да го трошат своето време на тоа. Новото брзо мени и брзи картички значи дека сега тоа ќе ви биде достапно со само неколку кликови, што е многу потребно освежување.