Платената верзија на ChatGPT четботот на OpenAI конечно доби пристап до интернет, а може да користи и повеќе од 70 плагини за веб-прелистувачи
Во текот на оваа недела, корисниците на платената верзија на ChatGPT Plus повеќе нема да бидат ограничени на информации од интернетот до 2021 година, како што беше досега. Новата, ажурирана бета верзија им овозможува на корисниците на ChatGPT Plus да бидат во тек со најновите случувања во светот.
Дополнително, ChatGPT ќе има пристап до голем број плагини за веб-прелистувачи од трети страни – од страници за планирање на патувања до алатки за зголемување на продуктивноста во секојдневните активности во однос на читање и пишување документи, табели и друго, директно во четботот.
Овие новитети ги објави компанијата OpenA на својата веб-страница, а како што беше нагласено, овие опции засега ќе ги имаат само корисниците на платената верзија на четботот, и тоа во бета верзијата која се уште е во фаза на тестирање.
Трка во унапредување на вештачката интелигенција
ChatGPT е четбот заснован на вештачка интелигенција, кој по лансирањето минатата есен предизвика светско лудило и започна трка меѓу различните корпорации кои се обидуваат што поскоро да ги подобрат своите производи со вештачка интелигенција.
Во случајот на OpenAI, нејзината верзија на четбот беше обучена на сетови информации од 2021 година, што сериозно ја ограничи неговата употреба во споредба со ривалите.
Сите имаат некоја своја ChatGPT верзија
OpenAI ја објави веста само неколку дена по завршувањето на Google I/O годишната конференција, на која беа претставени и подобрувања во вештачката интелигенција на Google, а четботот Google Bard стана достапен за сите, избегнувајќи ги листите на чекање.
Gоогле неодамна изјави дека сака да биде прва меѓу компаниите кои развиваат вештачка интелигенција.
Додека вештачката интелигенција во светот се развива со огромна брзина и добива се подобри и подобри можности, паралелно се појавуваат и опасностите што таа ги носи, па законодавците ширум светот ги забрзуваат своите напори да ја ограничат употребата на алатки за вештачка интелигенција со цел да ги заштитат луѓето. , како и меѓународните права. Секако, тоа не го исклучува фактот дека вештачката интелигенција може да биде злоупотребена од властите, за што веќе пишувавме.