Компанијата HTC официјално го објави својот нов паметен телефон позициониран во средниот сегмент на пазарот.
HTC U23 Pro се одликува со 6,7-инчен Full HD+ OLED екран со стапка на освежување од 120 Hz, кој е заштитен со Gorilla Glass Victus стакло. Екранот има централно позициониран punch-hole отвор во кој е сместена селфи камерата од 32 MP, но под него нема сензор за отпечатоци, кој наместо тоа е интегриран во Power копчето кое се наоѓа на десната бочна страна.
Одзади има модул во форма на правоаголник во кој се сместени четири камери и блиц. Станува збор за главна камера од 108 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата, ултраширока камера од 8 мегапиксели, макро камера од 5 мегапиксели и сензор за длабочина од 2 мегапиксели.
HZC U23 Pro го користи процесорот Snapdragon 7 Gen 1 на Qualcomm, поврзан со 8 или 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Достапен е и слот за microSD за проширување на меморијата, а уредот користи оперативен систем Android 13.
Смартфонот доаѓа со инсталирана VIVERSE апликација и е компатибилен со уредот за мешана реалност VIVE XR Elite, кои се продаваат посебно. U23 Pro е отпорен на вода и прашина според IP67 стандардот, а се напојува од батерија со капацитет од 4.600 mAh, која поддржува 30W жично и 15W безжично полнење, како и реверзибилно безжично полнење.
Исто така, U23 Pro има поддршка за 5G, Wi-Fi 6 конекција, NFC, USB-C порт и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
Во зависност од конфигурацијата на меморијата, цената изнесува 510 и 540 евра.