Корисниците конечно ќе можат да одговорат на објавите на Instagram користејќи GIF-ови.
Првиот човек на Instagram во неодамнешниот чет со Извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг објави дека функцијата е најновото дополнување на опциите на социјалната мрежа.
Споменатата функција ќе им овозможи на корисниците да користат GIF-ови од платформата Giphy како коментар на објава, или на нешто друго што некој искоментирал
Покрај ова, Мосери истакна дека Instagram тестира и текст/стихови на песните во Reels. Функцијата е надградба на auto-caption стикерот што Meta го воведе во 2021 година.