Во американската сојузна држава Монтана, по најавите беше направен конкретен чекор – воведена е целосна забрана и предвидена казна за користење на апликацијата TikTok
Гувернерот на американската сојузна држава Монтана, Грег Џианфортеј потпиша нацрт-закон за забрана на активностите на кинеската компанија TikTok во државата и со тоа Монтана официјално стана првата американска сојузна држава што ја забрани популарната платформа за споделување кратки видеа.
Монтана воведува законска забрана на Google и Apple да ја нудат апликацијата TikTok во државата. Рестриктивната мерка стапува во сила од 1 јануари в година.
„Го забранив TikTok за да ги заштитам личните податоци на жителите на Монтана од Кинеската комунистичка партија“, рече гувернерот Џианфортеј, кој е републиканец.
Платформата TikTok, која има повеќе од 150 милиони корисници во САД, сѐ повеќе е предмет на повици од американски конгресмени и државни претставници да ја забранат мобилната апликација на национално ниво во САД наведувајќи ја загриженоста од можното влијание на кинеската држава преку социјалната мрежа.