Неодамна во Скопје се одржа 26.BASS Kонгрес во организација на Балканското стоматолошко друштво. Главна тема на тридневниот настан (11 до 14 мај), на кој се собраа близу 450 експерти од областа на стоматологијата од балканскиот регион, но и од САД, Хонг Конг, Велика Британија, Унгарија беа актуелните трендови и напредокот во стоматологијата. Овој настан беше препознаен и поддржан од Македонската стоматолошка комора, Стоматолошкиoт факултет од Скопје, Факултетот за медицински науки-Тетово, Факултетот за медицински науки-Штип, Македонското здружение за стоматолошка медицина-Куманово, Албанското стоматолошко друштво–Тетово, Организацијата за јавно здравје– Скопје и Воено-медициската академија од Белград.
На Собирот на стоматолози од регионот и пошироко, на дел од предавањата беа презентирани искуства, истражувања и ажурирани научни податоци околу поврзаноста на оралното здравје и THS (Системот за загревање на тутунот), односно производите без чад.
Проф. д-р Зоран Татиќ, раководител на Катедрата за имплантологија на Воено-медицинската академија во Белград ги презентираше резултатите од испитувањата на физичките и хемиските карактеристики на аеросолот, резултатите од клиничките студии и зборуваше за причините зошто здравствените работници треба да знаат што ги разликува конвенционалните цигари од електронските производи што го загреваат тутунот.
„Лекарите треба да ги имаат потребните информации за да ги насочат пушачите кон користење на Системот за загревање на тутунот.Потребен е холистички пристап со цел вистински да им помогне на пушачите да се оддалечат од цигарите. Целосното префрлување на THS помага да се постигне речиси 95% од намалувањето на изложеноста што се постигнува со апстиненција од пушење. Потребни се научни докази и мониторинг, но намалувањето на штетите може да ја надополни постоечката контрола на тутунот“, истакна Проф. д-р Татиќ.
Потоа, Д-р Борис Ѓуран, орален хирург од белградската Воено-медицинска академија даде преглед на штетните ефекти на чадот од тутунот и независните трудови од областа на стоматологијата кои се занимаваат со ефектите на алтернативните производи.
Проф. д-р Кристина Митиќ од Катедрата за орални и пародонтални заболувања од Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје ги претстави ин-витро стоматолошките студии, кои го испитуваат влијанието на Системот за загревање на тутунот врз промената на бојата на забите и структурите на меките ткива во оралната празнина.
„Интервенциите за откажување од пушење треба клинички да се обезбедат како дел од праксата за орално здравје. Здравствените работници треба активно да се вклучат во процесот на откажување од пушење, како најефикасен метод, но кај неуспешните случаи, тие треба да ги имаат точните информации, за да можат да дадат одговори на прашањата на пациентите за употребата на THS и да ги наведат пушачите да се префрлат на производи без согорување, земајќи ги предвид негативните ефекти кои се помали во однос на нивната корисност. Значителното намалување на нивоата на токсични материи може да се смета како дискретна придобивка во споредба со конзумацијата на запаливи цигари, дури и ако сè уште треба да се истражат потенцијалните последици по човековото орално здравје. Потребни се дополнителни епидемиолошки и долгорочни клинички независни студии за да се разјасни вистинската позиција на овие производи и секако да придонесе за добивање точни информации до здравствените работници“, се вели во заклучокот на студијата на проф. д-р Митиќ.
Заеднички заклучок на панелистите беше дека, врз основа на независните и PMI публикации досега, производите што го загреваат тутунот се различни во споредба со конвенционалните цигари и дека возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, со префрлање од цигарите на производите без чад, можат да очекуваат јасни разлики помеѓу нивните ефекти на структурата на усната шуплина и дека тврдењето дека се помалку штетни има солидна научна основа во оваа област. Понатаму, следејќи ги актуелните трендови во стоматологијата, посебно ширењето на имплантологијата, панелистите се согласија дека би било интересно да се споредат ефектите од овие две категории кај пациентите кои имале ваков тип на интервенции.