Компанијата OpenAI ја лансираше мобилната апликација ChatGPT за iPhone уредите во САД и најави проширување на Android и други земји во наредните недели.
Мобилната четбот апликација на OpenAI беше лансирана синоќа за американскиот пазар и оперативниот систем iOS, што значи дека ChatGPT стана достапен за корисниците на iPhone и iPad.
Апликацијата е бесплатна, а како што пишува на веб-страницата на компанијата, ја вклучува гласовната поддршка Whisper, што значи дека командите до четботот може да се даваат и преку гласот. Дополнително, апликацијата може да ја синхронизира историјата на вашиот претходен разговор со четботот од прелистувачот, т.е. веб верзијата. ChatGPT е достапен за преземање во AppStore.
Корисниците на платената верзија на ChatGPT Plus на уредите со iOS ќе имаат пристап до мобилната верзија на GPT4 моделот, претходен пристап до ажурирањата и побрзо време на одговор, се вели на страницата. Дополнително, од компанијата најавуваат дека за неколку недели апликацијата ќе биде достапна и во други земји, а „наскоро“ ќе ја лансираат и верзијата за Android.
Приватноста и натаму не е најсилен адут на ChatGPT
Mobile ChatGPT ги има истите проблеми како и на веб-прелистувачите, имено тенденцијата на ботот да фабрикува информации кои тврдат дека се целосно точни, а има и загриженост за приватноста, пренесува The Verge.
Компанијата OpenAI неодамна им овозможи на корисниците разговорите со четботот да бидат наводно приватни, нудејќи им да ја исклучат историјата на разговорите. Потоа, ChatGPT нема да го користи разговорот направен со вас за свој понатамошен тренинг и генерирање информации, но компанијата сепак ќе ги задржи тие разговори уште 30 дена пред да бидат трајно избришани, со цел да ги следи поради „можни злоупотреби“.
Ова значи дека разговорите што ги водите со вештачката интелигенција сè уште не се целосно безбедни, особено ако се земе предвид дека OpenAI ги предупредува корисниците да не споделуваат „чувствителни информации“ во апликацијата.
ChatGPT е генеративен четбот со вештачка интелигенција лансиран на крајот на минатата година, кој оттогаш се здоби со светска слава. Стана популарен како помошна алатка за широк спектар на задачи од пишување студентски и професионални есеи до програмски кодови. Со тој потег, OpenAI го започна целото проширување на употребата на вештачка интелигенција (AI), бидејќи многу светски компании се вклучија во трката за развој на генеративна вештачка интелигенција и лансираа свои верзии на четботови.
Се чини дека трендот нема да застане наскоро, тие постојано се натпреваруваат во подобрување на нивните модели, тркајќи се кој ќе им овозможи подобри функции на своите четботови.