Колачињата од трети страни, за 1 отсто од корисниците на Chrome, ќе бидат оневозможени во првиот квартал на 2024 година, додека целосно укинување се очекува во втората половина на 2024 година
Иницијативата Privacy Sandbox сака да понуди технологии кои ќе ја подобрат приватноста на луѓето на веб и во апликациите за Android.
Решенијата предложени од Google имаат за цел да го ограничат следењето на поединци и да обезбедат побезбедни алтернативи на постоечката технологија на овие платформи, додека ги одржуваат отворени и достапни за секого.
Бета верзијата на оваа опција е достапна од Chrome верзијата 101 и може да се активира на chrome://settings/privacy.
Сепак, дури со лансирањето на Chrome 115 во јули оваа година, Privacy Sandbox ќе стане достапен за сите корисници на Chrome и ќе им олесни на програмерите да ги тестираат овие API со сообраќај во живо, односно на поголем број корисници.
TechCrunch пренесува дека Google во моментов нема планови за меѓучекори во текот на 2023 година, туку од 2024 во релативно краток рок ќе премине од 1% на 100% имплементација.
„Веруваме дека програмерите и бизнисите треба да можат да ги монетизираат своите веб-локации и апликации, како и да допрат до клиентите со релевантни реклами. Иницијативата Privacy Sandbox развива нови решенија кои ги поддржуваат клучните потреби на екосистемот – без потпирање на идентификаторите за онлајн следење – така што дека издавачите и програмерите можат да обезбедат бесплатна содржина и да го развијат својот бизнис на начин што ја штити приватноста“. – The Privacy Sandbox.