Кина соопшти дека производите на американската компанија Micron Technologies не поминале безбедносна ревизија и дека ја забранува нивната употреба во националната инфраструктура
Пекинг им забрани на кинеските компании кои работат на клучни инфраструктурни проекти да користат производи од американскиот производител на полупроводници Micron Technologies.
Националниот регулатор, Управата за кибернетски простор на Кина (CAC), објави дека Micron Technologies паднала на тест за сајбер безбедност, пренесува CNN.
CAC верува дека производите на Micron претставуваат значителен ризик за националната безбедност на Кина, се додава во соопштението.
Одлуката доаѓа неколку недели откако Кина ги започна безбедносните проверки на производите на компанијата на почетокот на април.
Micron Technologies е еден од најголемите американски производители на чипови, а 10 проценти од приходите на компанијата доаѓаат од континентална Кина.
Компанијата изјави за CNN дека ја добила одлуката на кинескиот регулатор и ги разгледува следните чекори.
Таа изрази желба за понатамошен дијалог со кинеските власти.