Соработката помеѓу производителите на фотоапрати и мобилни телефони не е ништо ново, а сега Canon има намера да влезе во тој свет.
Сигурниот дојавувач Digital Chat Station од кинеската социјална мрежа Weibo тврди дека Canon бара партнер меѓу производителите на паметни телефони. Oppo и OnePlus соработуваат со Hasselblad, Vivo работи со Zeiss, а Xiaomi со Leica, така што на Canon му преостануваат Apple, Samsung, Huawei, Asus, Google, Realme, Honor, Sony и Motorola како потенцијални партнери.
Сепак, Apple, Samsung и Google не се тип на компании кои би сакале ваква соработка, Sony има свој оддел за камери, па веројатно би требало да бидат „исклучени“ од листата.
Со оглед на фактот што споменатиот типстер потекнува од Кина и дека гласините исто така најверојатно доаѓаат од оваа земја, партнер на Canon би можел да биде една од трите кинески компании, и тоа Realme, Honor и Huawei.
Се уште нема официјални информации, па сите моментнни опции се уште се базираат на шпекулации.