Иако се споменуваше дека Samsung може да го избере Bing како стандарден интернет пребарувач за својот мобилен веб-прелистувач, тоа сепак се случи.
Не е познато од кои причини Samsung воопшто би размислувал да се префрли на Bing и дали брзото преминување на Microsoft на вештачка интелигенција има некакво влијание, но се чини дека тоа не беше доволно силна причина, пренесува The Verge.
Затоа Samsung ја паузираше интерната ревизија за замена на Google со Bing на својот нативен интернет прелистувач.
Иако Samsung сметаше дека ваквата одлука не треба да предизвика големи пореметувања имајќи предвид дека повеќето корисници на паметните телефони на Samsung и онака не го користат нивниот вграден веб-прелистувач, се чини дека се уште постои страв од погрешна пазарна перцепција за таквиот потег, пренесува The Wall Street Journal.
Дополнително, прашање е како ваквата одлука би се одразила на односот меѓу Samsung и Google во овој момент, со оглед на тоа што договорот е вреден 3 милијарди долари годишен приход.
Со оглед на тоа што пазарните можности постојано се менуваат, ова секако не е последна одлука и не значи дека Samsung никогаш нема да се префрли на Bing.