„Намалувањето на штетите често погрешно се смета за политика и практика што ја воведуваат владите, а ја спроведуваат експертите. Всушност,зад него секогаш стојат обичните луѓе кои одлучуваат намалувањето на штетите да го спроведат во пракса и некои штетни навики да ги заменат со помалку штетни“, вели во свој авторски текст Гери Стимсон, основач на Глобалниот форум за никотин, кој ќе се одржи во јуни во Варшава.
Текстот со наслов „Зошто сè уште сум голем оптимист по прашањето на намалување на штети од пушењето“ го напиша Стимсон во пресрет на десеттото издание на овој форум, кој ги собира претставницитена сите интересни групи во областа на намалување на штетите од пушењето и им дава можност да зборуваат на оваа тема, со цел да се најде заедничко решение. Кога беше основана, ова беше првата конференција која некогаш се занимавала со никотин и поврзани научни, политички, регулаторни и потрошувачки прашања.
Тој верува дека намалувањето на штетите од пушењето се заснова на едноставната претпоставка дека ако се достапни и пристапни побезбедни никотински производи, повеќето пушачи ќе се префрлат на нив, наместо да продолжат да пушат цигари, бидејќи повеќето луѓе се свесни дека цигарите доведуваат до болести, инвалидитет или прерана смрт.
Појавата на електронските цигари во 2007 година донесе зголемена свест дека луѓето можат да консумираат никотин – дури и орално преку вдишување, што е најпопуларно и најприродно за луѓето – без штетните ефекти од согорувањето. „На почетокот на 2000-те мислев дека сме на почеток на големиот прогрес во борбата против пушењето, што ќе се случи веднаш. Ги пропуштив предупредувачките знаци…“
Законодавците можат на пушачите да им го олеснат преминот на алтернативи или тој пат да го забават
Во текот на изминатата деценија, јасно се виде каков хаос можат да направат некои земји од овој проблем. Австралија – која беше лидер во намалувањето на штети – направи студија на случај на тема последиците од забраната на никотинските производи. Политичарите ширум светот го наведуваат вкусот на испарувањето и опасноста за младите, што секако е проблем кој мора да се реши, но ги игнорираат последиците по големата, често маргинализирана популација на возрасни пушачи полнолетни, пишува Стимсон.
Меѓутоа, тој додава дека имало и исклучителни примери на пушачи брзо да се префрлат на побезбедни алтернативи. Велика Британија, Норвешка, Шведска, Јапонија и Нов Зеланд забележаа намалување на стапката на пушење, предизвикано со примена на концептот на намалување на штети. Велика Британија е сè уште лидер: новиот план за бесплатна поделба на милион парчиња електронски цигари на пушачите потсетува на дистрибуцијата на игли и кондоми за време на кризата со ХИВ/СИДА.
За да се намали штетноста од пушењето неопходен е ангажман на сите заинтереситани страни
Гери Стимсон смета дека она што недостастува во меѓународниот одговор на пушењето е широк ангажман, односно напредокот во намалувањето на штетите од пушење бара на иста маса да седнат корсиниците – лицата кои користат побезбедни никотински производи, креатори на политики, регулатори, научници и производители. Глобалниот форум за никотин, кој тој го основа и даде прилика на секоја од овие групи да ги изнесат своите ставови, да се слушнат и корисниците, чиј глас досега не се слушна, но и на производителите на тутунските производи – од независните производители на уредите за испарување до големите тутунски компании кои сега произведуваат побезбедни алтернативи – да разговараат, и што е уште побитно, да се слушаат едни со други.
„За разлика од многу други настани, никому не му е забрането да учествува или да говори. Оваа политика на отворени врати подразбира и одредени предизвици: на некои луѓе кои работат на контрола на тутунот, нивните организации им забрануваат да учествуваат. Но, ние цврсто веруваме дека дебата со почитување, која ги опфаќа сите интересни групи претставува пат напред“, наведува Стимсон.
Додава дека се уште не успеале да воспостават некој вид соработка со Светската здравствена организација. „Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на СЗО го опфаќа намалувањето на штетите како еден од трите столба на контрола на тутунот, покрај намалувањето на понудата и побарувачката. СЗО намерно го игнорира намалувањето на штетите и не е подготвена да слуша“.
Меѓутоа, Гери Стимсон смета дека СЗО на крајот сепак ќе се вклучи во процесот кој подразбира намалување на штетноста на тутунот, бидејќи не може засекогаш да ја игнорира оваа тема.
Својот оптимизам, Стимсон го заснова на тоа што зад целата приказна за намалувањето на штети стојат обичните луѓе и нивното воведување на здрави навики. За него не е прашање дали ќе дојде до намалување на штетите од пушење, туку кога?