Се чини дека по надградбата на watchOS 9.5 верзијата на оперативниот систем, некои корисници на Apple Watch се соочуваат со здодевен проблем. Станува збор за појава на необично зелено светло на дисплејот при работа со одредени елементи од интерфејсот.
Речиси сите засегнати часовници се од Apple Watch Series 8 серијата и постари уреди каде ситуацијата е полоша. Зеленото светло е видливо при внесување лозинка за отклучување, пристап до контролниот центар и при отворање на делот за известување.
Моделите Watch SE и Watch Ultra се помалку погодени. Сè уште нема информации што го предизвикува овој проблем, но се чини дека е повеќе софтверски, бидејќи се појави по ажурирањето на watchOS 9.5. Доколку е тоа случај, може лесно да биде отстранет.

