Светските производители на автомобили, вклучувајќи ги: Ford, BMW, Tesla и други ги отстрануваат AM и FM радијата од нивните најнови модели, а САД сакаат да ги блокираат со закон
Некои производители на автомобили веќе ги отстранија AM и FM радијата од нивните најнови модели и планираат да го прошират тоа и на други. Законодавците во Соединетите Американски Држави подготвија закон за да се обидат да ги блокираат фабриките со оваа намера.
Покрај Ford, BMW и Tesla, vo групата производители на автомобили што ја отстрануваат AM/FM функцијата од своите модели спаѓаат Mazda, Volkswagen, Volvo, Polestar и Rivian, кои веќе ги отстранија радијата од своите електрични возила. Ford најави дека ова ќе го прошири и на своите гасни модели.
Фабриките се одлучија на овој потег поради се помалата потрошувачка база на медиуумот, но и проблемот што AM/FM радиото им го создава на електричните мотори бидејќи им го попречува сигналот.
Наспроти групата која ги укинува радио функциите во автомобилите, стојат Nissan, Toyota и Honda кои се противат на оваа пракса.
Законодавците во САД се обидуваат да изготват нацрт-закон со кој ќе и наложат на американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) да издаде регулативи со кои AM во новите возила ќе може да постои без да плаќаат посебна такса. Тие велат дека AM не треба да се гаси или да биде овозможен преку скапа дигитална претплата.
Владата на САД тврди дека потегот на производителите на автомобили го поткопува федералниот систем за обезбедување клучни информации за јавната безбедност.
Од друга страна, Сојузот за автомобилски иновации, која ги застапува производителите вели дека воведувањето радија во сите возила е непотребно и потсетува дека американскиот Конгрес никогаш досега не пропишувал радио функции во возилата. Покрај тоа, производителите остануваат 100 проценти посветени на обезбедување на возачите со клучни јавни предупредувања, тврдат од Сојузот.