Еден од основачите на Microsoft, милијардерот Бил Гејтс изјави дека развојот на AI агенти ќе ги замени пребарувачите и веб-страниците за онлајн продажба.
„Никогаш повеќе нема да отидете на страницата на пребарувачот“. Никогаш нема да одите во Amazon… Кој ќе ја освои позицијата личен агент ќе биде голема работа“, рече познатиот филантроп говорејќи на настанот AI Forward 2023 на Goldman Sachs.
Пребарувачот Bing на Microsoft надмина 100 милиони дневни корисници претходно овој месец.
Коментирајќи го напредокот на вештачката интелигенција, Гејтс додаде дека е импресиониран од четботот Inflection AI, чиј коосновач е Рид Хофман, американскиот претприемач кој стои зад деловно ориентираната социјална мрежа LinkedIn.