Баш кога OpenAI ја лансираше мобилната апликација ChatGPT за iOS, пристигнуваат информации дека Apple им забранил на своите вработени да го користат најпопуларниот четбот со вештачка интелигенција.
Како што дознава The Wall Street Journal, Apple им забранил на своите вработени да го користат ChatGPT, најмногу поради страв од протекување на чувствителните податоци на компанијата и фактот дека споменатиот четбот се повеќе се интегрира во алатките на Microsoft.
Иако оваа вест доаѓа сосема ненадејно, сепак не е толку необична. Имено, репортерот и аналитичар на Bloomberg, Марк Гурман неодамна на Twitter објави дека ChatGPT со месеци е на листата на ограничен софтвер на Apple.
„Верувам дека ChatGPT веќе со месец е забранет или се наоѓа на листата на ограничен софтвер во Apple. „Очигледно дека лансирањето на ChatGPT на iOS повторно го прави ова релевантно“, напиша Гурман.
За потсетување, ChatGPT неодамна е достапен и во облик на официјална мобилна апликација на iOS. Може да се симне бесплатно на App Store, а како што неодамна објавивме, наскоро ќе биде достапен и на Android.