Samsung претстави нова технологија на екранот што може да доведе до нови биометриски и здравствени способности за идните мобилни телефони и таблет компјутери.
Јужнокорејскиот гигант разви таканаречен Sensor OLED Display кој може да „прочита“ отпечаток од прст без разлика на кој дел од екранот допира корисникот. Повеќето паметни телефони имаат сензори за отпечатоци сместени под екранот како посебни модули кои работат само на мала специфична област, но во случајот со Sensor OLED екранот, сензорот е интегриран во самиот панел.
Бидејќи технологијата го „чита“ отпечатокот на секој дел од екранот, може да се користи за следење на срцето и мерење на крвниот притисок. Samsung објави дека е уште попрецизен од моментно достапните уреди за носење. За мерење на крвниот притисок потребно е да се постават два прста на екранот, по што OLED светлото различно се рефлектира во зависност од контракцијата и опуштањето на крвните садови. Откако таа информација ќе се врати на панелот, сензорот ги претвора во здравствена метрика.
Samsung го прикажа и Rollable Flex екранот, чија големина се зголемува пет пати кога ќе се „одмота“, а покажан е и Flex In & Out концептот на смартфон сличен на Galaxy Fold, кој вертикално се свиткува кон внатре и кон надвор. Со тоа се елиминира потребата од внатрешен екран, што би можело да доведе до потенки преклопни модели.
Samsung прикажа 12,4-инчен OLED панел што може да се одмотува