Bluesky и Mastodon се алтернативи на Twitter, додека Pixelfed е алтернатива на Instagram. Сите три наскоро би требало да бидат достапни преку Flipboard платформата
Од своето основање пред повеќе од една деценија, Flipboard се фокусираше на изградба на платформа која на корисниците им овозможува да откриваат содржини од целиот веб. Сега се уште еден чекор поблиску до таа цел.
Како што најавија во објавата, сега е можно да ја поврзете вашата Bluesky сметка (потребно е да се придружите на листата на чекање) со Flipboard, а Pixelfed ќе следува наскоро со веќе постоечката поддршка за Mastodon.
Сите наведени платформи се дел од мрежата со отворен код која сака да ги надмине „границите“ на денешните социјални медиуми.
Корисниците на мобилната апликација Flipboard на тој начин ќе имаат можност за прегледување и интеракција со содржините од сите наведениу платформи преку единствен интерфејс.
„Со интегрирање на овие услуги во нашата платформа, Flipboard служи како единствено место за откривање и учество во сите активности што се случуваат на растечката социјален веб“, истакнуваат од Flipboard.