Се чини дека има повеќе гласини поврзани со идната iPhone 16 серија паметни телефони планирана за 2024 година, отколку со iPhone 15 моделите што ќе пристигнат оваа година. Новите информации во оваа насока се поврзани со промената на дизајнот на основните модели следната година.
Изгледа дека iPhone 16 ќе има распоред на задните камери сличен на оној кај iPhone 12 од 2020 година, односно вертикален. Ова, во комбинација со новите елементи на уредот, како што се Dynamic Island и USB Type-C приклучокот, ќе го направи уредот полесно препознатлив од претходните неколку генерации.
Се разбира, прерано е со да се каже со сигурност дека оваа промена ќе биде спроведена. Инаку, од iPhone 13 наваму главната камера има дијагонална поставеност на сензорите. Се очекува овој изглед да биде задржан и кај претстојните iPhone 15 и iPhone 15 Plus модели.