Кинескиот производител на батерии Ganfeng тврди дека ги надминал технолошките пречки и започнал масовно производство на првата генерација на батерии во цврста состојба
Solid state или технологијата на цврста состојба веќе донесе големи промени во доменот на дисковите, а на ред се батериите кои моментно се произведуваат во технолошка варијанта со течен електролит кој овозможува полнење. Кинеската компанија Ganfeng тврди дека започнала масовно производство на батерии во цврста состојба и во исто време ги надминала пречките кои принудија многу производители да ја напуштат технологијата со цврста состојба, пренесува Autoevolution.
Во сегашните комерцијални литиумски батерии, течниот електролит обезбедува полнење помеѓу катодата и анодата и е делот што може да предизвика нивна експлозија. Поради тоа, научниците се фокусираа на развојот на батерии во цврста состојба кои ги заменуваат течните електролити со нивните цврсти еквиваленти, кои во принцип обезбедуваат поголема енергија, безбедност и издржливост.
Сепак, научниците со години не можеа да го надминат проблемот со пукањето на цврстиот електролит предизвикан од ширењето и контракцијата на електродите при полнење и празнење на батериите, а кинескиот Ganfeng сега тврди дека го решил тој проблем и започнал со масовно производство.
Цврсти и полуцврсти генерации на solid state батериите
Перформансите на ваквите батерии не се огромен чекор напред во споредба со нивните течни, односно литиум-јонски ривали, но тие постојано се развиваат. Ganfeng претходно ја издаде првата генерација на solid state батерии батерии, но во полуцврста состојба. Ова значи дека тие имале измешани компоненти што овозможиле да се достигне енергија од 260 Wh по килограм, колку што може да испорача стандардна литиум-јонска батерија.
Полуцврстите батерии не беа наменети за автомобилската индустрија, бидејќи фабриката цели кон други работи со помал енергетски капацитет.
Меѓутоа, најавената прва генерација на целосно цврсти батерии, наместо графитна анода ќе користи литиумска метална анода, што ќе им овозможи да достигнат енергија од 400 Wh за килограм. Ова значи дека нивните батерии би можеле да ги задоволат барањата за издржливост и безбедност на електричните автомобили и да ги надминат литиум-јонските батерии кои обезбедуваат речиси двојно помалку енергија.