Заедно со најавата за преносиот стриминг уред Project Q, Sony ги претстави и првите целосно безжични слушалки со брендот PlayStation. Повеќе детали се очекуваат подоцна во текот на годината, но компанијата откри некои детали за нивните можности.
Слушалките ја користат новата безжична технологија на Sony Interactive Entertainment за пренос на lossless звук без загуби со мала латентност за употреба со PlayStation 5, Project Q и компјутер, а исто така поддржува Bluetooth за поврзување со телефони.