Не треба да има никакви практични ефекти за корисниците бидејќи GIF-овите, иако можеби не се толку популарни како пред неколку години, сепак ќе бидат достапни преку интеграции од трети страни
Уште во 2020 година, кога Meta објави дека го купува Giphy, со цел да ја интегрира неговата GIF мрежа во своите алатки, одлуката беше оспорена од Управата за конкуренција на Велика Британија.
Дури и тогаш, имаше загриженост дека ова ќе и даде на Meta неправедна предност на пазарот на дигитални реклами. Иако се поставува прашањето како конкретно GIF-овите би ѝ помогнале на Meta да доминира на пазарот на реклами.
Сепак, по долга правна битка, Управното тело одлучи дека Meta мора да се „ослободи“ од Giphy, што Meta сега ќе го направи со загуба од 347 милиони долари.
Што ќе прави Shutterstock со GIF-овите и дали во некоја фаза ќе почне да ги наплатува, останува да се види. А што се однесува до Meta со моментниот фокус на вештачката интелигенција и новиот бран на отпуштања, тие имаат поважни приоритети од GIF-овите.