Компанијата Apple не очекува дека долгоочекуваните VR/AR очилата ќе се продаваат според плановите, поради што значително е намален обемот на планираното производство
Додека ја чекаме официјалната премиера и новите Apple VR/AR очила кои би требало да бидат претставени на на јуни во рамките на WWDC годишната конференција за програмери, се појавуваат информации кои укажуваат на намалување на обемот на производство во првата година.
Имено, очекуваното производство за првата година падна под 100.000 примероци, се вели во извештајот на TrendForce, консултантска компанија која дава информации за пазарот на различни индустрии.
Доколку извештајот се покаже како вистинит, тоа значи дека се случил огромен пад на очекувањата на компанијата Apple во однос на продажбата на новиот производ. Пред само неколку дена, новите очила што го отвораат светот на виртуелната и проширената реалност се предвидуваше дека ќе продадат околу 900.000 примероци.
Дури и таа бројка е намалена во однос на првичните предвидувања за новите очила, кои веројатно ќе го носат името Apple Reality Pro, дека ќе бидат продадени во околу 3 милиони примероци. Ова е значително намалување во споредба со другите уреди на Apple како што е iPhone, бидејќи телефоните се продаваат во бројка од околу 200 милиони секоја година.
Со новите предвидувања, плус гласините за наводната цена од 3.000 долари по која наводно ќе се продаваат очилата, тоа дефинитивно значи дека тие нема да бидат достапни за пошироката јавност.
Не е јасно дали Apple го прави ова за да создаде слика за ексклузивност на својот нов производ, што треба да донесе нова димензија во индустријата за виртуелна реалност или едноставно се плаши од предвидувањето дека тоа нема да биде ништо повеќе од скап неуспех.
Дотогаш, останува да ја почекаме годишната конференција на Apple која започнува на 5 јуни, кога треба да бидат објавени деталите за новите очила.