Google Play Games е онлајн продавница која овозможува играње на Android игри на компјутерите со оперативен систем Windows.
Бета верзијата на Google Play Games е проширена во повеќе од 40 европски земји, а достапна е и во Нов Зеланд, со што вкупниот број достигна 56 земји, во однос на само 13 во ноември.
Споменатата онлајн продавница моментно нуди повеќе од 100 наслови на Android, некои се добро познати игри како Asphalt 9, Homescapes и Last Fortress, додека други се помалку познати. Сепак, Google редовно додава нови игри, а се ветува и достапност во уште повеќе земји.
Техничките барања се релативно „лесни“, односно треба да имате компјутер со Windows 10, SSD, 8 GB RAM меморија и четири-јадрен процесор кој користи Intel UHD 360 графика (доаѓа со осмата или деветтата генерација на Core процесори) или AMD еквивалент. Google препорачува користење на графичка картичка од „гејминг класа“, како што е NVIDIA GeForce MX450 и процесор со осум логички јадра. Доколку компјутерот е стар само неколку години, тогаш би требало да ги поддржува игрите.
Ова не е единствениот начин да се играат Android игри на Windows, бидејќи Windows 11 поддржува апликации од Amazon Store, додека клиентите како BlueStacks постојат веќе со години. Сепак, Google Play Games е за оние кои сакаат целосна поддршка на Google и не им пречи ограничен каталог.